fbpx
17.8 C
Skopje

Ракометарите го одработија последниот тренинг во Скопје, доцна вечерва се заминува за Франција

АКТУЕЛНО

Македонската ракометна селекција утрово го одработи и последниот од предвидените тренинзи во нашата држава пред заминувањето за Франција на Светското првенство.

Избраниците на Лино Червар пред летото за Мец кој е предвиден за доцна вечерва, ќе имаат завршно обраќање пред јавноста на  прес конференција во хотелот “Александар Палас” која ќе се одржи од 13.00 часот.

Како што е познато наши противници во групата во Мец се Шпанија, Исланд, Словенија, Ангола и Тунис против кој го отвараме Мундијалот на 12. јануари (четврток) со почеток од 17.45 часот.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -