Американскиот претседател Доналд Трамп ја прифати поканата на францускиот претседател Емануал Макрон да присуствва на одбележувањето на Денот на падот на Бастиља, на 14 јули, соопшти денеска Белата куќа.
Кабинетот на Макрон вчера соопшти дека Трамп е поканет да присуствува на две прослави следниот месец во Франција – Денот на падот на Бастиља и на одбележување на 100 години од вклучувањето на американската војска во Првата светска војна.