Во својата анализа „Марка“ наведува дека Зидан на секоја позиција има по два играчи и дека тоа е голема предност за францускиот тренер.
“Ова е голема предност бидејќи претходната сезона тој тоа не го имаше на располагање. Немаше замена за Марсело и Касемиро, пишува Марка.
Сега овде ќе биде Маркос Лоренте а Марселова замена ќе биде Тео Хернандез. Двајцата во Реал доаѓаат од Алвеш каде претходната сезона играа на позајмица.
Голамнот Навас е замена за Касиљас, но Навас ова лето може и да замине доколку Реал успее да го доведе Донарума. На десната страна се Карвалјо и Данило, лево Марсело и Хернандез, првиот стоперски пар Рамос и Варане.
Везниот ред на Реал го знаат сите – Касемиро, Модриќ и Крос. Тука како нивна поддршка се и Лоренте, Ковачиќ и Иско.
Напаѓачката тројка (Роналдо, Бејл, Бензема) ќе го предводат нападот и оваа сезона. На клупата ќе бидат Лукас и Мората, доколку никој за него не понуди 75 милиони евра, колку што тражи и самиот Реал Мадрид. Нападот, ако замине Мората, може да го зајакне најдобриот млад фудбалер во светот, Мбаппе