fbpx
1.8 C
Skopje

Анѓушев вицепремиерската плата ќе ја донира за социјалци и за студенти

АКТУЕЛНО

Кочо Анѓушев, вицерпремиерот за економски прашања, се откажа од својата плата. Тој својата плата во висина од 81.000 денари ќе ја донира во хуманитарни цели.

„Половина од парите ќе бидат распределени на социјално загрозени семејства, а другата половина за стипендирање на студенти од техничките науки. Побарав список на 200 социјално загрозени семејства на кои ќе им бидат распреледувани парите“, изјави Анѓушев.

Анѓушев нема да користи државно возило за доаѓање на работа, туку ќе користи сопствено и нема да го оптоварува државниот буџет со ангажман на двајца телохранители колку што му следуваат, туку ќе користи услуги само од еден.
Инаку анкетниот лист на Анѓушев тежи меѓу 27 и 28 милиони евра. Најголемата вредност во имотниот лист е уделот во групата „Фероинвест“.

Според анкетниот лист кој Анѓушев денеска им го подели на новинарите, тој поседува една куќа и пет стана во Скопје, има куќа од 214 м2 на Халкидики, како и стан во Белград.

Од недвижнини Анѓушев пријавил и два деловни простора во Скопје со вкупна површина од 200 м2.

„Се гордеам со мојот анкетен лист, бидејќи сè сум создал сам и за сè сум платил данок. Ова е пример како може дете на стечајни работници, со работа да направи капитал“, рече Анѓушев.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -