7.8 C
Skopje
Tuesday, November 12, 2024

На наше „море“.

Знам како да се сузбие негативниот ефект од заедничката прослава со „лошите“ Бугари (да не речам Татари 🙂 ). Браќата Срби треба да дозволат македонска делегација да го посети манастирот „Прохор Пчињски“ и готово, алијансата на Србите и чокалиите ќе се ревитализира како одговор на „безобразните“ претензии на „дошљаците“ од „азиските степи…“

***

Ако случајно Бојко Борисов го „осквернави“ споменикот на Мечкин Камен, поставувајќи свежо цвеќе и венци во знак на почит кон подвигот на илјадниците бугарски офицери и војници кои земале учество во Илинденско-Преображенското востание и се бореле за слободата на Македонија, хард кор патриотиве од Миленковата раса (наследници на Стојан Новаковиќ и Јован Бабунски), можат да си направат импровизиран споменик на Востанието. Македонската држава веќе има опит во импровизациите. Меморијалот Пелинце е токму тоа, импровизација бидејќи оригиналот е забранет и мораме да се задоволиме со новокомпониран центар за билдање национална гордост. Предлагам да се изгради еден алтернативен споменик достапен само за Македонци „до коска“ како Стефан Влахов Мицов, Александар Донски и Дардан Венетски и сè ќе биде во ред.

***

Функционерите со одземени пасоши да не очајуваат… Годинава, за промена можат да се одморат на наше „море“… во Охрид. Додека се во старата престолнина, нема да е лошо и да се запознаат со биографиите на неколку стари (вистински) ВМРОвци како Узунов, Патчев и највеќе Чаулев. Зашто велам највеќе Чаулев? Тој се заигра со Коминтерна и СССР и заврши неславно. Многу неславно, бидејќи раката на ВМРО го стигна и во Милано.

***

Коста Анѓушев ќе ја донира својата плата, пошо во Македонија освен да си Бугар, е срамота и да си богат. Богати смеат да бидат само синовите и внуците на слугите на УДБа… За парите поделени од службите на „наши деца“ никој ништо не зборува… Ниту „левичарите“, ниту „десничарите“.

Пишува: Батко Тане

поврзани објави

Последни објави