2.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Кобна кражба: Го убила струја додека крадел бакар од трафостаница

Од вработен во ,,Електродистрибуцијата” во една од решетките во трафостаницата е пронајден Беким Хрустиќ (35) од Какањ кој го убила струја. Неговата намера била да украде бакарни делови  од трафостаницата.

Како што е потврдено од полицијата на лице место веднаш била упатена екипа и Брза помош која се обидела да го реанимира, тој страдал од удар од 10 илјади волти, но реанимацијата била неуспешна.

Во една трафостаница во зависност од големината се наоѓа околу 30 до 50 килограми бакар, а во внатрешноста обично се крадат електрокаблови, бакарни плочки, бакарни  шипки во кој има помеѓу 40 и 50 килограми чист бакар.

 

поврзани објави

Последни објави