22.8 C
Skopje
Saturday, April 19, 2025

Вооружен грабеж на спортска обложувалница „Златна Копачка“ во Скопје

Во текот на вчерашниот ден во главниот град на нашата држава, Скопје на улица „Лазо Трповски“ е извршен вооружен грабеж на спортската обложувалница „Златна Копачка“.

Според информациите од МВР, две непознати лица маскирани со шалови на главите, едниот вооружен со пиштол, а другиот со автоматска пушка влегле во објектот каде извршиле грабеж во кој одзеле засега неутврденасум на пари и го напуштиле местото на настанот.

Надлежните информираат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите како и целосно расчистување на случајот.

поврзани објави

Последни објави