Традицоналната манифестација која се одржува во Пробиштип кај градскиот пазар под имеот „Леговец ленд Винтерленд 2017“, завршила со немил настан и општа тепкачка.
До нарушувањето на Јавниот ред и мир во 02. 30 часот дошло на тој начин што о по вербална расправија дошло до тепачка помеѓу повеќе лица.
Од едната страна биле лицата со иницијали Н.М. (27) и М.П. (24), додека В.З. (39), Е.З. (31) и Д.П. (33), од друга страна, инаку сите од Пробиштип. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.