Во интерес на Бугарија е да ѝ помогнеме на Македонија да влезе во НАТО, изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов за време на јавната дебата во Атлантскиот клуб за евроатлантската солидарност во контекст на Брегзит.
„За Македонија, се разбира дека договорот за добрососедство, којшто очекуваме да го потпишеме во август, е многу важен. Како на најблизок сосед и народ, на историчарите да им оставиме да спорат, но поголемата тема е Македонија во НАТО и во ЕУ. Дали е подобро за Бугарија да има сосед зафатен од судири? Договорот за добрососедство треба да „тргне“ и ако него не можеме да го потпишеме за што друго да зборуваме“, вели бугарскиот премиер.
Ги поздравувам напорите на министерот за надворешни работи, како и на Бојко Борисов – ќе имаат можност да направат нешто коешто досега не се случило чествувањето на Илинден.. Ги поздравувам напорите на Владата за да се дојде до потпишувањето на тој договор. Се надевам дека во рамките на овие преговори, како и при потпишувањето на тој договор и нашите браќа од Македонија ќе сфатат дека идеологијата на македонизмот треба да остане во минатото“, вели Плевнелиев.
Тој оценува дека најголемите противници на договорот и во Македонија, Бугарија па и во Србија имаат една и иста основа поддржана од Москва. Тој тврди дека Русија го користи секој начин за да ја дестаблизира Европската Унија, а најлесно е преку Балканот.
Потпишувањето на договорот за добрососедство кое треба да се случи на почетокот на август се најави при средбата на премиерот Зоран Заев со бугарскиот премиер Бојко Борисов.