Масакр во затвор во Мексико. Најмалку 28 затвореници се убиени во брутална пресметка на банди во затворот во Акапулко.
Ривалски банди се пресметале во делот на затворот со максимално обезбедување, а покрај загинатите повредени се уште три лица. Полицијата информира дека во затворот имало буквално масакр, а дел од жртвите се обезглавени.