fbpx
-4.2 C
Skopje

(ВИДЕО) Заев: Очекуваме МАНУ да биде дел од успешната приказна за Република Македонија

АКТУЕЛНО

На иницијатива на Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, во Македoнската акaдемија на науките и уметностите (МАНУ) се одржа средба со претседателството и со раководителите на одделенијата на академијата.

Премиерот Зоран Заев, придружуван од заменикот претседател на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, и министрите за правда и економија, Биљен Саљији и Крешник Бектеши, како и од високи раководители од неколку други министерства, ги поздрави и срдечно добредојде им посака претседателот на МАНУ, академик Таки Фити.

Претседателот на Владата на Република Македонија истакна дека една од главните причини поради која што е иницирана оваа средба e да се отворат процеси на соработка за да бидат вградени сите сугестии на МАНУ во актуелните политики што ги иницираше Владата. Премиерот Заев нагласи дека во оваа фаза од развојот, согласност на принципите за инклузивност, на Република Македонија ѝ треба знаењето и мудроста на сите нејзини граѓани, а особено научните работници во МАНУ. Претседателот на Владата изрази длабоко уверување дека академијата има потенцијали кои можат да бидат значаен дел од успехот што треба да го постигне Република Македонија после кризниот период во сите области.

Премиерот Зоран Заев укажа на фактот дека Република Македонија има исклучителна поддршка од Европската Унија и од останатата меѓународна јавност и дека оваа историска прилика е мотивација и за научните работници во МАНУ да бидат дел од процесите кои од Македонија ќе направат уште една успешна европска и регионална приказна.

Пред членовите на Претседателството на МАНУ и пред другите присутни свое обраќање имаше и заменик претседателот за европски прашања, Бујар Османи кој истакна подготвеност и отвореност за учество на академијата и на одделни нејзини членови во имплементацијата на Планот 3 – 6 – 9 како стратешки патоказ за реформи кој има за цел да ја отстрани условеноста на препораката за преговори со ЕУ.

Тој изрази надеж дека досегашната соработка на МАНУ преку Советот за соработка меѓу академијата и Секретаријатот за европски прашања во наредниот период ќе добие нова продуктивна соработка за остварување на заедничката цел.

Академик Фити изрази благодарност што до оваа посета на премиерот на највисоката научна установа во земјата дојде токму од премиерот, уште повеќе што ова е прва посета на највисока владина делегација на институција надвор од составот на државните органи.

Академик Фити ги запозна гостите со работата на МАНУ, како и со активностите кои академијата ги подготвува во пресрет на свеченоста по повод значајниот јубилеј – 50 години од основањето на МАНУ. Во својот поздравен говор претседателот на академијата изрази уверување дека голем дел од активностите на оваа институција има проекти кои можат да бидат од исклучителна полза за владините политики и изрази подготвеност одделенијата на академијата и нејзините членови да учествуваат со совети во предзвиците што стојат пред новиот владин состав.

Во дискусијата на средбата на високата владина делегација во МАНУ учествуваа и повеќемина академици со поддршка на иницијативите искажани во оваа прилика.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -