-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Груевски: Ќе има големи кадровски промени и освежувања

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денес го добит мандатот од страна на претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов. Тој ќе има за задача во наредните неколку денови да се обиде да формира влада, па доколку успее, тој најави кадровски промени во структурата на партијата.

Груевски во големото интервју откри многу работи кои планира да ги превземе, доколку успее да оформи влада, а на прашањето дали планира кадровски промени и освежувања, тој одговори дека најголемите ќе се случат во т.н трет ешалон.

„Да, планирам. И тоа најмногу во т.н. трет ешалон. Одејќи во кампања­та од место до место, увидов дека во многу места има оправдан револт од т.н. трет ешалон. Некои од нив се и предолго на иста позиција и почнале да се рутинизираат и да се однесуваат премногу бирократски. Ги загубиле жарот и енергијата“, изјави Груевски.

Според Груевски, многумина од функционерите создале лоши навики, грешки и пропусти во работата, па затоа треба да се даде шанса на новиот кадар.

„Оваа потреба во најголем дел произлезе од одењето на терен оваа година и разговор со многу луѓе, компании или самите раководители на различни нивоа. И мои, и на моите соработници на теренските посети. Има и такви што треба да се сменат поради создадени лоши навики, грешки и пропусти во работата, и воедно да се даде шанса и на други од кои ќе се очекува уште поголем учинок и успех. Ова ќе биде континуиран процес, но годинава ќе има еден посилен бран освежувања“, додаде лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

поврзани објави

Последни објави