fbpx
6.8 C
Skopje

Никола Груевски: Наочарите кои ги носам не чинат 60 илјади евра, туку 300 до 350 евра!

АКТУЕЛНО

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во гостувањето на ТВ Нова беше запрашан за фамозниот мерцедес од 600 илјади евра, но и за тоа дали навистина има наочари од 60 илјади евра.

Пред да го праша за мерцедесот, новинарката му постави прашање дали навистина има наочари од 60 илјади евра, на што Груевски одговори: Нормално дека немам такви наочари. Какви 60 илјади евра. Тоа беше спин и лага на СДСМ. Кажав и тогаш. Тие наочари ги имам купено за некои 300-350 евра. 

За мерцедесот вреден 600 илјади евра, купен со пари од граѓаните, Груевски изјави дека воопшто не се кае што го купил, туку напротив, државата треба да купи барем уште три, четири такви, бидејќи според него срамно е премиерот на државата да се вози во постар автомобил.

Пропаганда е дека сум аздисал, возилото беше набавено за странски гости, а неформално се разговараше за јас или некој друг кога ќе оди надвор од Македонија да го користи за да не се случи некој да остане на сред автопат, рече Груевски.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -