fbpx
2.3 C
Skopje

Груевски: СДСМ преку СЈО сака да внесе сомнеж кај народот дека ние навистина сме работеле криминално

АКТУЕЛНО

Состојбата за ВМРО-ДПМНЕ е далеку подобра од причина што уживаме најголема доверба кај граѓаните во самиот старт од кога сме опозиција, за разлика од 2002 година. Ја имаме поддршката, победивме на изборите, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во интервјуто за ТВ Нова.

Груевски вели дека ВМРО-ДПМНЕ е активна и рече дека имаат тагретирано околу илјада села и градови кои сакаат да ги посетат, се подготвуваат за локалните избори.

ВМРО е партија која е жива, партија во која се работи за подобро на оваа држава и народ. СДСМ дојде на власт без победа, со надворешна интервенција, со коалиции кои им ги залепија. Сега им доаѓаат локални избори. Сега пречката им е силно ВМРО. Сега сакаат да го ослабнат ВМРО. Оттука, на СЈО им наредија да ни пратат еден куп празни обвиненија, да внесат сомнеж кај народот дека ние навистина сме работеле криминално, вели Груевски.

Груевски вели дека за него не е изненадување притисокот кој СДСМ сака да го врши преку СЈО врз него и соработниците.

Јас сум поминал низ ова. Кога бев министер за финансии, СДСМ имаа 15 контроли направено, врз други мои соработници во периодот 2002-2003 ги малтретираа по притвори, им го загорчија животот. Тоа е стилот на владеење на СДСМ. Ова е политички прогон. Ние немаме правни процеси, туку политичка хајка против ВМРО-ДПМНЕ, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Според Груевски, материјалите од СЈО се креирани и истите не можат да бидат дел од судска постапка.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -