fbpx
9.8 C
Skopje

Богојески за Груевски: жално е човек да е толку некадарен, да не може со еден Заев да се носи“.

АКТУЕЛНО

По обидот на Никола Груевски, и иницијаторите за реформи во партијата во интервјуто за ТВ Нова да ги претстави како странски платеници, тие веднаш му одговорија дека единствено тој треба да се срами и дека е време да ја прифати личната и политичка одговорност.

-Срамно е Претседател на ВМРО ДПМНЕ да спадне на тоа ниво, да навредува и да шири невистини за млади луѓе што се дрзнале да побараат реформи во партијата.

Ќе се срамиш ти Никола, што имаше историска шанса да бидеш запаметен како преродбеник на Република Македонија, а ја прокоцка таа шанса поради лични интереси.

Време е да ја прифатиш личната политичка одговорност за промашените политики и проценки и да го ослободиш ВМРО ДПМНЕ од товарот на минатото.

На Република Македонија и треба силно, демократско и модерно ВМРО ДПМНЕ,напиша Александар Михајлоски на групата на Фејсбук “ВМРО-ДПМНЕ-посилно за нови победи“

Петар Богојески на нападот од Груевски одговори дека „жално е човек да е толку некадарен, да не може со еден Заев да се носи“.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -