fbpx
5.8 C
Skopje

Бодигард на Груевски за вешалици и лепиња на сметка на владата потрошил неверојатни 7.207 евра!

АКТУЕЛНО

Извесен Милошевски од обезбедувањето на екс-премиерот, само од 8 март до 31 мај, за вешалици, лепињи и слични „специјалитети“, потрошил 7.207 евра.

За 26 дена, еден човек од обезбедувањето на поранешниот премиер Емил Димитриев, „изел“ неверојатни 7.207 евра, дознава Плусинфо.

Само на последниот ден од владеењето на бившиот премиер, на 31 мај 2017 година, била исплатена фактура, на која се гледа дека само мал дел од менито на членот на неговото обезбедување биле 69 лепињи, 40 парчиња кравјо сирење, 34 парчиња свинско печење, 18 баклави…

Според материјалот кој редакцијата на Плусинфо имаше можност да го анализира, на 27 април, денот кога беше нападнато Собранието и беа тепани пратеници и новинари, како дел од деталниот опис на фактурата се спомнуваат 20 баклави, 26 вешалици од свинско каре, 43 парчиња кашкавал ајдамер, 69 лепињи, 18 парчиња кулен, 18 парчиња сув свински врат, 25 парчиња кравјо плус овчо сирење и 17 парчиња стек.

Јадешливиот Милошевски секој ден правел фактури кои се протегаат на неколку страни и дневно ја чинеле владата и до 28.318 денари, односно 460 евра народни пари.

Но, кој е Марјан Милошевски? Човек со ваков апетит логично би било да биде запишан во Гинисовата книга на рекорди, каде што таков нема.
.
Како што дознава Плусинфо од свои извори, станува збор за шоферот на поранешниот премиер Емил Димитриев, кој беше под целосна контрола на Никола Груевски.

Дека во владата се живеело како во Валхала, рајот на скандинавските богови, потврдуваат и неколку други написи од медиумите кои излегоа во јавност деновиве. Сите тие сведочат за тоа како се хранеле останатите членови на белата зграда на Илинденска, на чии сметки биле регистрирани и гурмански специјалитети како гулаш од срна.

Според количините наведени во фактурите потпишани од Милошевски, не може да се утврди колкумина се гоштевале на државна сметка, но според наведените количини, се чини дека под неговиот потпис се крие мала армија од гладни усти од довчерашниот прв човек на владата и сѐ уште лидер на веќе опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Погледнете само дел од доказниот материјал со кој располага Плусинфо:



Извор: Плусинфо

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -