Претседателот на Меѓународниот сојуз, Бојан Јовановски на денешната конститутивната седница на Сојузот соопшти дека одлучил да посвои три деца од различна вероисповест, христијанска и муслиманска.
Донесов одлука, како самец, човек кој што не е во никаков брачен или партнерски однос да посвојам три деца кои што ќе бидат од различна вероисповест, христијанска и муслиманска, а третото дете сум сложен да биде со мали или умерени потешкотии во психофизичкиот развој односно дете со специјални потреби, рече тој.
Тој рече дека тие не сакаат да бидат никаква паралелна институција односно министерство за труд и социјална политика. Тој рече дека е задоволен од средбата со премиерот Зоран Заев за официјална поддршка и директна соработка со Владата на Република Македонија.
Поддршката од премиерот Зоран Заев значеше директно инволвирање на Владата, директна помош, логистика од Владата.
Ние не сакаме да бидеме никаква паралелна институција или паралелно минстерство за труд и социјална политика. Го повикувам ресорното министерство за труд и социјална политика на еден сериозен ангажман и сериозна соработка со Меѓународниот сојуз поради тоа што на нас ни е потребно тоа, а потребно му е и на министерството поради тоа што праксата од минатите години покажува дека сите тие институции се многу троми и спори во своето делување и затоа делата не стигнуваат до луѓето каде што тоа е најмногу потребно, вели Јовановски.