fbpx
5.8 C
Skopje

Кога Меси ќе се откаже, ќе се чувствуваме како да сме во пустината!

АКТУЕЛНО

Пеп Гвардиола проговори за Јохан Крјоф и Лионел Меси, при што неговите очи светнаа. Тоа се случи на добротворна вечер во Белфаст каде менаџерот на Манчестер Сити седна до Рори Макилрои, играч на голф №1 по приходи и слава во светот во моментов.

Таму беа присутни уште легендарни личности, како на пример Пат Дженинг, голман на најсилниот тим на Северна Ирска во историјата.

Јохан за мене е највлијателен човек во историјата на фудбалот – рече Гвардиола пред публиката од фанови и спортски икони. – Секој натпревар под негово раководство беше како да читаш нова книга за играта односно фудбалот.

Тој ни велеше односно ни укажуваше зошто во одреден дуел и против одреден ривал треренот ќе ти се чини тесен. А против друг – широк. Кројф воведе свои сфаќања и филозофија во Барселона. И до денес клуботи работа на неа, вели Гвардиола.

И ако Јохан изградила филозофија, тогаш Лео Меси е нејзиниот практикувач на теренот. Лео гледа се на теренот. Но ова е само почеток. Ние зборуваме за човек кој постигнува по 2-3 гола на секој натпревар, постојано, без прекин. Не зборува многу. Неговите пораки до соиграчите и тренерите се јасни и кратки. Со својата игра прави обраќање кон навивачите на трибините, и тоа такво, што покажува огромно влијание.

Кога го гледаш од трибините, ти си некако мирен и сигурен дека во еден момент, неизбежно, Лео ќе ја земе топката, ќе дрибла, ќе асистира или ќе поентира.

Ви давам еден совет – не пропуштајте ниту еден дуел на Барселона, едноставно пуштајте телевизор кога даваат таков. Зашто кога Меси престане да игра, чувството за нас ќе биде како да сме во пустина. Тој ќе ни недостасува на сите.

За прашањето кој играч од Манчестер Јунајтед би сакал да го види во неговите редови, Пеп одговори: “А, да – има еден. Пол Сколс, но тој не игра веќе. Омилениот мој играч!“.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -