7.8 C
Skopje
Tuesday, November 12, 2024

Јанкуловска повторно прозборе: Единствените реформи на СДСМ се поставување на партиски кадри во МВР

Единствените реформи кои СДСМ ги прави во МВР се поставувањето на исклучиво партиски кадри на раководни позиции, вели поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска во интервју за ТВ Алфа.

Дојде до целосна политизација на МВР со строго партиски кадри од редовите на СДСМ, а за сметка на тоа она што е основна работа на Министерството е ставено сосема на страна и веќе подолго време имаме катастрофална состојба во областа на јавниот ред и мир, како и во областа на заштита на животот и имотот граѓаните, фрапантни податоци во делот на сообраќајот. Секаде каде што новото раководство во МВР треба да покаже резултати, резултатите изостануваат, истакна Јанкулоска.

Во однос на СЈО таа смета дека со продолжувањето со работа и по истекот на рокот Катица Јанева и нејзиниот тим прават злоупотреби и го прекршуваат законот верувајќи дека ќе бидат заштитени однадвор.

-Започнувајќи како квази институција која е политички диригирана, до самиот крај на оној период кога тие можеа да поднесуваат обвинителни акти и да отвараат нови истраги, СЈО условно речено го заврши овој период на истиот начин. Крајно исполитизирано, ставено во функција на само една партија, се со цел да се затскријат сите недостатоци на сега веќе актуелната влада и да се занимава јавноста со нешто што е сосема друго. Да се направи обид да се заслабне ВМРО- ДПМНЕ, напаѓајќи ги клучните луѓе од партијата, вклучувајќи го и претседателот на партијата, за да се овозможи повеќе простор сегашното парламентарно мнозинство, односно сегашната власт да ги испорача резултатие што на некое место ги ветила, изјави Јанкуловска.

Целосното интервју со Јанкулоска погледнете го во продолжение.

поврзани објави

Последни објави