fbpx
1.8 C
Skopje

Сообраќајка во Делчево меѓу 4 возила однесе две жртви

АКТУЕЛНО

Две лица го загубија животот, а уште две со тешки телесни повреди завршија во Клиничката болница Штип по синоќешната тешка сообраќајна несреќа која се случи на магистралниот пат Кочани – Делчево, пред влезот на Делчево покрај населбата Басарица.

Според Гоце Стојменовски, раководител на Итната медицинска служба, несреќата се случила околу 22 часот и 30 минути, во неа учествувале 4 возила, а засегнати биле 6 лица во возилата.

Според првичните информации, несреќата  ја предизвикала возило кое со голема брзина се приклучило од спореден пат од населбата. Полицијата направи увид на местото на несреќа, но повеќе детали за сообраќајката, засега не се соопштуваат.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -