Потпретседателот на САД Мајк Пенс му се јави денеска да му честита на македонскиот премиер Зоран Заев да му честита за изборот на премиерската функција во име на претседателот Доналд Трамп, соопшти Белата куќа.
„Во име на претседателот Трамп, потпретседателот му честиташе на преземањето на премиерската функција на 31 мај. Потпретседателот ја нагласи непрекината американска поддршка за евроатлантските интеграции на Македонија у го охрабри Заев да ги направи приоритет реформите со кои Македонија ќе напредува на нејзиниот избран пат”, се вели во транскриптот на телефонскиот разговор.
Пенс, исто така, кажал дека едвај чека да се сретне со Заев и лидерите од Западен Балкан на самитот на Јадранската повелба што ќе се одржи на 2 август во Подгорица, Црна Гора.