14.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Заев: Злосторството во Сребреница е дамка во колективната совест на човештвото

Во име на граѓаните на Република Македонија, премиерот Зоран Заев изрази најдлабоко сочувство кон семејствата на сите настрадани во Сребреница, но и за сите жртви коишто залудно го загубија својот живот во војната во Босна и Херцеговина, соопшти владината служба за информирање.

Денес, посочува Заев, одбележуваме и се сеќаваме на еден мачен ден, за целото човештво, но посебно за бошњачкиот народ.

– Тоа што се случи во Сребреница пред 22 години е еден од најголемите порази на цивилизациските вредности и лекција што мораме да ја научиме, еднаш засекогаш. На овој ден, пред 22 години откако повеќе од 8.000 луѓе беа убиени, не е доволно да повторуваме „Никогаш повеќе“, туку да се соочиме со минатото и да се поклониме пред жртвите. Ова злосторство против човештвото е дамка на нашата колективна совест, но и најмоќниот потсетник дека мораме да спротиставиме на секоја форма на насилство и да застанеме во одбрана на човековите права и достоинство, наведува Заев.

поврзани објави

Последни објави