Хамес Родригез е нов играч на Баерн. Германскиот гигант ја потврди веста. Потписот за Баерн ќе уследи кога Колумбиецот ќе го помине лекарскиот преглед.
Со месеци се шпекулираше за тоа дека Хамес ќе замине во Јунајтед или Челси, но тоа не се случи. Незадоволен од минутажата, тој се сели во редовите на германскиот првак, на позајмица до 2019. година.
Многу сме среќни што го договоривме овој трансфер, Хамес беше голема желба на нашиот тренер Карло Анчелоти после нивната успешна соработка во Мадрид. Хамес е светски играч, постигнува голови, асистира и сигурно за нас ќе биде од големо значење да го имаме во нашите редови, рече претседателот на Баерн Карл Хеинц.
Колумбиецот со Баерн ќе оди на летна турнеја во Кина и Сингапур заедно со своите соиграчи во недела навечер, а СпортБилд дознава дека Баерн за позајмицата ќе плати пет милиони евра за секоја година, а потоа може да го купи за 35,2 милиони.