7.8 C
Skopje
Tuesday, November 12, 2024

Торта со ореви

Оние кои редовно подготвуваат торти знаат дека најубавите торти се оние кои имаат ореви или лешници во комбинација со вкусен фил. Подолу е рецептот за една таква превкусна торта.

Подготовка на тесто:

5 јајца се матат со 300 гр. шеќер. Во смесата се додава 10 лажици врела вода, 100 гр.мелени ореви и постепено се додава 100 гр. брашно претходно измешано со прашок за пециво.  Се пече на 180 степени.

Фил:

2 пудинга од ванила се варат со 6-7 децилитри млеко и се остават да се оладат. Во 1/2 литри млеко (додека се вари) се стават 2 јајца изматени со 6 лажици шеќер и 5 лажици брашно. Се вари на тивок оган додека не згусни. Во смесата се додаваат 50 гр мелени ореви.

Посебно се мати 1/2 маргарин (125 гр) со ванилиниот шеќер и се додава претходната смеса. Потоа се меша со пудингот.

Печеното тесто се сече на 3 дела и секој дел по желба се мачка со сок од портокал, млеко со малку рум или смеса со кафе. На секој дел се мачка филот, вклучувајќи го и горниот дел на третата кора.

2 шлаг пени се матат и се нанесуваат на целата торта. Се украсува по желба!

поврзани објави

Последни објави