fbpx
-6.2 C
Skopje

Заев: Македонија е голем добитник од Самитот во Трст

АКТУЕЛНО

Македонскиот премиер, Зоран Заев, кој учествува на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Трст, изјави дека се работи за навистина важен настан на кој се расправа за перспективите на целиот регион и на Европската Унија, но и секако за регионалното поврзување.

„Јас сум многу среќен поради тоа што сите овие состаноци кои овде се одржуваат оставаат сериозен впечаток дека има одлична перспектива за Република Македонија и регионот на Западен Балкан. Пораките кои овде ги добиваме, а и оние што ние ги испраќаме се дека ние ќе го поддржиме целиот овој процес, ќе соработуваме за да може да напредува регионот, секако сам за себе, но и во перспективите кон ЕУ. Состаноците кои овде се држат не само што ќе ја зголемат соработката, поврзувањето, транспортот, економијата помеѓу сите овие земји туку верувам дека ќе испратат силен сигнал фокусот на Европа да биде сè повеќе насочен кон овој регион, поддржувајќи го за навистина севкупните вредности на овој регион да се приближат кон вредностите кои Западна Европа ги познава. Само на тој начин ќе се забрзаат сите процеси за целосна интеграција на Македонија во ЕУ“ – изјави премиерот Заев.

На новинарско прашање дали може да каже некои конкретни точки од она што е договорено, македонскиот премиер одговори дека сè ќе биде објавено официјално, со точни цифри, но потенцира дека „Македонија е голем добитник од овој Самит“.

„Ќе има конкретна поддршка за изградба на инфраструктура, многу значајна за идните пред сè економски, но и севкупни перспективи на поврзувања на Република Македонија со регионот и Европа“ – рече Заев.

 

Извор: МакФакс

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -