Факти за ВИБРАТОРОТ Десет факти за најдобриот пријател на девојките и најголемите непријатели на момчињата.
Веќе се купуваат како топол леб. Секоја втора жена пробала вибратор. Пред две години бројките беа значително помали, односно секоја петта жена користеше вибратор.Според легендите свој вибратор, имала и Клеопатра.
Првиот механички вибратор тежел 18. кг, и бил наменет за жени со ментални нарушувања. Британскиот доктор Џозеф Мортимер Гренвил го измислува во 1883 година со цел лекување на „женска хистерија“.
Методот на терапија се сведувал на пациентката да биде доведена до оргазам. Вибраторот „зајче“ беше прикажан во серијалот „Сексот и Градот“, по што тој почна да се користи со поголема популарност.
Во Јапонија има закон според кој секс играчките не треба да имаат форма на полови органи. Производителите долго размислувале со што можат да ја заменат оваа форма, и на крајот се одлучиле застанале на формата на зајак.
Како што покажуваат податоците од статистиката, 81 % од жените признаваат дека редовно користат вибратор при вршењето на секс и не гледаат ништо лошо во тоа.
Во американските држави Албама и Мисисипи продажбата на вибратори е забранета. Во американската држава Јужна Дакота се продаваат по 10 секс играчки по глава од населението во текот на една година.
Најскапиот вибратор во светот е изработен од бело злато и е покриен со 117 дијаманти. Тој чини 50 илјади американски долари.