fbpx
1.8 C
Skopje

Најчудните секс забрани во светот

АКТУЕЛНО

Ако сте во странство и планирате возбудлив викенд исполнет со секс, подобро е да бидете свесни дека не секаде имате право да се ослободите, онака како што сте посакале во љубовно – интимниот план.

Ви советуваме добро да ги проучите законите на местото каде што планирате да се впуштите во жешки страсти, поради ваша безбедност, но и поради можноста да завршите во затвор.

Кога ќе стане збор за сексот, неверојатно е колку чудни забрани постојат во различни точки на планетата.

Иако за некои делови од Азија нема да се зачудите од донесените правила и закони во поглед на сексот, тогаш имајте на ум дека во САД постојат сигурно најоткачените закони во тој поглед.

Погледнете ги најапсурдните и неверојатни секс закони на планетата и радувајте се, што сте во Македонија:

Во Лондон е забрането да имате секс на паркиран мотор. Кога станува збор за мотор во движење, законот молчи.

Во Алабама пак употребата на секс играчки е нелегална. Во Аризона пак може да поседувате најмногу 2 секс играчки по закон, но не и повеќе.

Во Индијана пак е забранет оралниот секс.

Во Кина не е дозволено жена да се шета гола во хотелска соба.

Во Минесота немате право да спиете голи. Се соблекувате, го правите она што го правите, а потоа си се облекувате. Таков е законот…

Повеќето Американци очигледно се конзервативни по природа. Во Мериленд немате право да се бакнувате на јавно место за повеќе од минута..

Благодарение на нашите прекрасни закони, во Македонија се уште е целосно легално да водите љубов, како што ви одговара… Нешто што е прекрасно!

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -