Отецот Ивица Тодоров реагираше на одлуката на Министерството за образование да го повлече учебникот за 4-то одделение каде се бара од учениците да донесат фотографија од свадбата на нивните родители и да одговорат дали тие се венчани во црква, откако Народниот правобранител утврди дека постои дискриминација врз основа на брачен и семеен статус и религија во областа на образованието.
https://www.facebook.com/ivicatodor/posts/10210769735893998
„Се надевам дека ова не е вистина!
Се надевам со последните атоми надеж дека во СДСМ има домаќини и семејни луѓе, домољупци, патриоти, верници (и христијани и муслимани)! Не ме разочарувајте, многумина од вас познавам лично!
Се надевам и го очекувам вашиот глас, став и отпор против новиот тип на окупација на нашата Македонија!
Браќа и сестри од СДСМ реагирајте и приклучете се на фронтот на домаќините и домаќинките, на домољупците, на семејните луѓе кои сериозно се загрижени за тоа во какво општество ќе живеат нивите деца, внуци, правнуци!
НИЕ СМЕ ЗА ЖИВОТ, А ВИЕ?“, напиша Отец Ивица на својот Фејсбук профил.