fbpx
2.3 C
Skopje

Макрон побара една милијарда евра од Меркел за Европа

АКТУЕЛНО

Францускиот претседател Емануел Макрон од германската канцеларка Ангела Меркел побарал една милијарда евра за поддршка на проекти на ЕУ поврзани со информатичката и нано технологијата.

Како што јави дописникот на МИА од Берлин, Макрон и Меркел денеска заедно претседаваа со седница на владите на Франција и Германија, што се одржа во Париз во пресрет на францускиот национален празник Денот на Бастиља – 14 јули.

Макрон во изјава за францускиоот весник „Куест Франс“ од Меркел и Германија како најсилна економска и финансиска сила во ЕУ, бара пари и за други заеднички европски проекти во одбраната, безбедноста и имиграцијата.

Францускиот претседател предлага избор на министер за финансии, Парламент и буџет на земјите од Еврозоната, за кои се потребни нови пари и промена на законодавството на ЕУ, а на што се противи Берлин бидејќи Германија е единствената земја во Унијата што може да поддржи вакви промени и политички и финансиски.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -