Дефанзивецот ќе ја добие капитенската лента по трансферот во тимот на Милан.
Шпекулациите околу трансферот на Лео Бонучи од Јуве во Милан не стивнуваат. Последната таква, е дека фудбалерот ќе ја добие капитенската лента на росењорите веднаш по официјалното претставување во тимот. Како што е извесно, тој е во Милано на медицински прегледи, а во наредните неколку часа се очекува да го потпише договорот.
Се очекува дека ќе има плата од 6,5 милиони евра годишно, а Јуве за него ќе добие 40 милиони евра.
Според “Премиум Спорт“ Бонучи ќе биде новиот капитен на Милан. Италијанскиот фудблаер во Милан на својот грб ќе ја носи бројката 19. Со таков број Бонучи играше и во Јувентус.