Американскиот претседател Доналд Трамп е отворен човек кој умее да слуша и да реагира на аргументите на противникот.Ова го изјави рускиот претседател Владимир Путин во одговор на прашање за впечатоци од средбата со државниот врв на САД.
Тој е доволно отворен човек и се разликува од телевизискиот образ, од сликата, кој тој сам си го создаде за време на предизборната кампања“, рече тој.
Според рускиот лидер во тоа нема ништо изненадувачки, бидејќи предизборната кампања е нешто за кое може да се суди еден човек“. Она што Путин не го очекувал, но смета дека е важно за човек кој се занимава со јавна дејност и политика е дека Трамп е способен да истрае и да слуша, рече тој.