Денес во Кочани околу 11.00 часот избило пожар во семејна куќа на улицата 14. бригада, по кој фамилијата Ѓорѓиеви остана без покрив над главата.
Како причини за пожарот се наведуваа краток спој на електричната инсталација со приклучени новогодишни светилки.
Во локализирање на пожарот први пристапиле соседите на Ѓорѓиеви, а интервенирала и ТПЕ на Кочани со едно возило.