11.8 C
Skopje
Friday, November 1, 2024

За прв пат се мери квалитетот на амбиенталниот воздух во Пехчево, Берово, Делчево и Виница

За прв пат се мери квалитетот на амбиенталниот воздух во Пехчево, Берово, Делчево и Виница.Во Пехчево, мерниот апарат беше поставен пред Општина Пехчево, а тој треба да покаже каков водзух дишат пехчевци.

  • Мерењата се вршат со аер поентер, тоа е еден мобилен уред кој ги задоволува стандардите, за да ги задоволи сите параметри кои ни се цел во проектот, а тоа се ПМ 10 честички, сулфурен диоксид,јалгероден моноксид, озон, при што се земаат предвид, температурата на воздухот, влажноста,насоката и јачината на ветерот, изјави Јасмина Пашалиска-Андоновска, НВО Амброзија.

Во овие 4 општини досега се правени , само поединечни мерења з а потребите на одредени фирми.

  • За четирите општини од регионот досега се правени единечни мерења на одредени фирми, но мерењата на квалитетот на амбиенталниот воздух се прават за прв пат и согласно со динамиката на проектот овие мерења ќе се направат во сите 9 општини од пограничниот регион во текот на 10 месеци, значи во различни временски периоди да видиме како с едвижи квалитетот на воздухот во грејна сезона, во летен период и аналогно на тоа да можат да се направат соодветни споредби и препораки, кажа Пашалиска-Андоновска.

Резултатите од десетмесечните мерења ќе ги анализираат експрети, по што ќе се донесат препораки кои ќе се содржат во заедничка нискојаглеродна политика во пограничниот регион. Оваа активност е дел од големиот проект „Заедничка интегрирана политика за нискојаглеродна економија во прекуграничниот регион“ поддржан од ИПА програмата за прекугранична соработка, а имплементиран од НВО АМброзија од Пехчево и Центарот за обновливи извори на енергија од Благоевград, Бугарија.

 

Повеќе на следниот линк од ТВ СТАР

поврзани објави

Последни објави