-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Ковачев: Не може ништо подобро да се случи во регионот од тоа да Бугарија и Македонија се најблиски земји

Бугарскиот европратеник Андреј Ковачев во разговор со дописникот на МИА од Стразбур го поздравува договорот за добрососедски односи меѓу Македонија и Бугарија, според него „важно е да се има добрососедски односи, тие треба да бидат искрени, а не само формални“.

Европскиот парламент многупати во своите резолуции за напредокот на Република Македонија на патот кон ЕУ, како предуслови ги ставаше добрососедските односи, ова со големо инсистирање на бигарските и грчките европратеници. По посетата на премиерот Заев на Бугарија и најавениот договор за добрососедство, чија содржина се разгледува од македонските пратеници, имавме можност да го запрашаме Андреј Ковачев, што тој мисли за овој договор.

– Сметам дека тоа е исклучително поволно како за граѓаните на Република Македонија, така и на Република Бугарија. Ако ние го надминеме сето она што беше од минатотo и заедно тргнеме кон европската интергација, во просперитет и почитување на правата на сите граѓани, сметам дека тоа е во полза на сите нас, вели Ковачев.

Додава дека многу се радува на средбата во Софија меѓу Заев и Борисов и се надева дека контактите ќе продолжи.

– Така Македонија ќе може побрзо да го започне процесот на преговори за прием во полноправно членство во ЕУ и НАТО. Тоа е многу важно за стабилноста на нашиот регион. Повторно повикувам да го надминеме она што не разделуваше во минатот и да тргнеме заедно во сегашноста и иднината, вели Ковачев.

На прашањето дали за договорот треба да се отвори јавна дебата, бугарскиот европратеник мисли дека кога тој ќе стане факт, ќе се најде во Парламентот на Република Македонија и Народното Собрание на Република Бугарија и „таму сите политички партии ќе можат да го кажат своето мислење.“

– Ние сметаме дека тој договор треба да биде во полза на двете држави и нема ништо подобро што може да се случи во регионот од тоа да Бугарија и Македонија се најблиски земји, да се помогаат во сите свои вантрешни и надворешни политички интереси. Можеме да дадеме за тоа и неколку примери од светот: Грција-Кипар, Романија-Молдава, Германија-Австрија, тоа се земји кои имаат заедничко минато и имаат многу меѓусебни врски и си помогаат во сегашноста за подобра иднина. Што може да биде подобро од тоа Бугарија и Република Македонија да бидат најблиски земји, објаснува Ковачев.

Запрашан, со оглед дека тој беше еден од евроратениците кој најчесто инистираше на доборососедските односи во резолуциите и дебатите по нив во ЕП, дали тоа значи дека со постигнатиот договор, една од забелешките што беше поставувана овде во ЕП за добрососедските односи ќе биде избришана за Република Македонија, Ковачев одговара:

– Доброседски односи, Македонија треба да има со сите свои соседи, како што Бугарија има добри односи со своите соседи. Ние треба да се стремиме во нашата Европска Унија земјите кои влегуваат во неа, да немаат некои големи историски разлики со своите соседи. Затоа е важно да се има добрососедски односи и тие да бидат искрени, а не само формални. Ние не зборуваме за тоа само ајде да имаме добрососедски односи колку да влеземе во ЕУ, тука станува прашање за длабоки, добри, взаемни односи меѓу два најблиски народи, меѓу граѓани кои го споделуваат своето заедничко минато и ги почитуваат своите интереси, заврши бугарскиот европратеник.

поврзани објави

Последни објави