17.8 C
Skopje
Tuesday, November 5, 2024

Од денес бензинот поскап, дизел-горивото останува по иста цена

Регулаторната комисија за енергетика во текот на вчерашниот ден ги корегираше цените на нафтените деривати по кои од денес бензинот се продава по нова, поскапа цена.

Од полноќ 1 литар ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 57 денари, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 е по цена од 69 денари. Тоа значи поскапување за денар ипол, а за разлика од бензинот, цената кај дизелот останува непроменета и то и понатаму ќе се продава во 53,5 денари.

Овие цени ќе важат во следните две недели.

поврзани објави

Последни објави