fbpx
2.3 C
Skopje

МЗ: Здравствените установи пред да спроведат јавни набавки да се консултираат со Министерството

АКТУЕЛНО

Министерството за здравство, со цел подобар и попрецизен увид во трошоците и јавните набавки на јавните здравствени установи, со допис ги информирало сите јавни здравствени установи дека за сите јавни набавки предвидени во годишниот план за јавни набавки, а кои се уште не се отпочнати, потребно е да побараат стручно мислење од Министерството пред да почнат со набавката набавката.

Ова, посочуваат од Министерството за здравство, не се однесува на набавките кои се неопходни за тековно и нормално функционирање.

Министерот Арбен Таравари, како што се вели во соопштението од Министерството за здравство, посочува дека целта на ова известување до јавните здравствени установи е да се спречи нерационалното и неоправдано трошење на буџетските средства со кои располагаат установите, односно овие средства системски да се искористат во интерес на пациентите.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -