2.8 C
Skopje
Friday, April 19, 2024
Платено политичко рекламирање

Средба на премиерот Заев со помошник генералниот секретар на НАТО, Тачан

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, попладнево се сретна со помошник генералниот секретар на НАТО за јавна дипломатија, Илдем Тачан, придружуван од шефот на Канцеларијата за врски на НАТО во Република Македонија Горазд Бартол.

Високиот претставник на НАТО, Тачан, пренесе силна охрабрувачка и поддржувачка порака од генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг до премиерот Заев и до новата Влада.

„За краток период направен е напредок за Република Македонија кон евро-интеграциските процеси и стабилизација на државата на мирен, демократски начин. Генералниот секретар Столтенберг ви честита и го охрабрува начинот на којшто сте посветени на реформите. Ве уверувам, ве поддржуваме во НАТО аспирациите“, е пораката што ја пренесе помошник генералниот секретар Тачан.

На средбата е констатирано дека Планот 3-6-9 на којшто се обврза Владата за спроведување на итните реформски приоритети, ќе донесе резултати во евроинтеграциите, но коишто се подеднакво значајни и за НАТО интеграциите.

„Владата е свесна за значењето на реформите коишто отвораат пат кон НАТО и ЕУ, но со тоа и за квалитетен живот на граѓаните. Стратешки цели на Македонија се членство во НАТО и ЕУ. Македонија очекува во брзо време да направи исчекор кон членство во НАТО и ова охрабрување многу ни значи“, соопшти премиерот Заев.

На средбата се разговараше дека се од големо значење реформите во делот на доброто владеење и владеење на правото, реформите во одбраната, во делот на можноста за идно зголемување на буџетските средства за одбраната, како и зголемено учество на Македонија во меѓународните мировни мисии, почитувањето на Охридскиот рамковен договор, како и развој на добрососедските односи, каде што Македонија покажува видливи резултати.

Исто така констатирано е постои можност за развој на соработката меѓу Република Македонија и НАТО во делот на образованието, како и околу можноста за формирање експертски тимови што би и биле од помош на Македонија во реализацијата на важните реформски процеси.

Премиерот Заев изрази благодарност за големата поддршка што ја дава генералниот секретар Столтенберг на Македонија, како и Канцеларијата на НАТО во Скопје.

Потврдено е големото значење на НАТО во стабилноста и безбедноста на целиот регион.

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -spot_img

Последни објави