14.8 C
Skopje
Sunday, October 6, 2024

Заев: Договорот со Бугарија отвара сериозни перспективи за Македонија

Договорот со Бугарија отвара сериозни перспективи за Македонија, а од него Македонија има сериозна придобивка. Договорот ќе биде склучен кога ќе го ратификува Парламентот, изјави премиерот Зоран Заев при денешната посета на Штип.

Тој додаде дека договорот за добрососедство со Бугарија е затворање на едно поглавје, што било проблематично во изминатиот период.

– После сите сугестии коишто ќе ги добиеме од експертската јавност, од Парламентот и Владата, се надевам дека ќе дојде до склучување на договорот. Договорот се носи од Парламентот. Парламентот на крајот гласа. Ако е нешто на штета на Македонија, нашиот Парламент има директна одговорност кон граѓаните и не треба да се плашиме. Ако е нешто добро, Парламентот ќе гласа. Јас како добро упатен политичар, којшто и понатаму бара поддршка од граѓаните, нема да дозволам влакно да и фали на Македонија во нејзините перспективи, истакна премиерот Заев, одговарајќи на новинарско прашање.

поврзани објави

Последни објави