-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Мартин протуѓер се лекува во угледна воена болница во Будимпешта, денес не се појави на судење

Адвокатот Боро Тасевски го извести Апелацискиот суд дека обвинетиот Мартин Протоѓер, поранешен шеф на кабинетот на премиерот Никола Груевски, е на боледување и нема да се појави на судење. Според адвокатот, во моментот на подигнувањето на обвинението Протоѓер се лекувал во угледна воена болница во Будимпешта по што го прекинал лекувањето и ја доставил патната исправа, иако тоа требало да трае до јули.

Во прилог на ова тврдење тој приложил два специјалистички извештаја.

Од СЈО оценија дека од документацијата не можат да ја видат сериозноста на болеста поради што судијката Лилјана Ивановска-Шопова ја побара оригиналната документација. На тоа реагира адвокатот Тасевски, според кого не може обвинителството да оценува болест.

Матин Протоѓер е обвинет за три кривични дела во случајот „Титаник“, кој се однесува на изборните манипулации, меѓу кои и за злосторничко здружување. Неговата одбрана побара да му биде вратена патната исправа, наспроти СЈО, кое инсистира да му биде одредена мерка притвор за да се обезбеди негово присуство.

поврзани објави

Последни објави