-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Конте откри кога му доделил „црвен картон“ на Коста

Антонио Конте ја очекува втората сезона во Премиер лигата во која ќе треба да ја брани титулата со Челси, а тоа ќе го мора да го реализира без услугите на Диего Коста.

Менаџерот на лондонскиот клуб одамна потврди дека му соопштил на Коста да си бара нов клуб, а денеска реши да го искоментира овој случај и да ги појасни работите.

– Не сакам да зборувам за фудбалери кои не се овде со нас. Сепак, ситуацијата со Коста стана јасна уште во јануари и за неа беа информирани клубот, фудбалерот и неговиот менаџер. За мене оваа приказна е завршена, – открил Конте.

Италијанецот призна дека не му се допаѓа она што се случува на трансфер пазарот.
– Сигурен сум дека овој преоден рок е лудост. Ова не започна сега, но летово ако сакаш да ангажираш солиден фудбалер треба да одвоиш 40-50 милиони евра. Неверојатна ситуација, но ние мора да се адаптираме. Погледнете колку чинеше Лукаку или колку плати Арсенал за Лаказет, за еден бек мораме да платиме 60 милиони евра, – потенцирал менаџерот на Челси.

 

Извор: Derbi.mk 

поврзани објави

Последни објави