13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Откриена причината зошто Нејмар сака да замине од Барса!

Каталонскиот весник Спорт ги откри главните причини!

Каталонскиот весник Спорт на своите читатели им ја откри причината за желбата на Нејмар да ја напушти Барселона во тимот на Парис Сен Жермен. Само до пред неколку дена трансферот изгледаше речиси невозможен, но денес гласините се коментираат дури и од претседателот на управата Хосеп марија Бартомеѕ и некои други играчи.

Основната причина се крие во желбата на Нејмар да биде лидер во тимот, а ова со Меси во соблекувалната изгледа потполно невозможно! Аргентинецот е незаменлив лидер на играчите од стадионот Камп Ноу кој успеа да ја обезбеди највисоката плата во историјата на европскиот фудбал. Нејмар има желба да проба нови предизвици, бидејќи е и четири години во тимот на Барселона. Тој исто така се чувствува несреќен затоа што неговиот сонардоник Дани Алвеш си замина од Барселона минатото лето. Меси и Луис Суарес се пријатели на Нејмар, но тој е по млад од нив и има други интереси. Првите два се веќе фамилијарни луѓе и поголемиот дел од времето го поминуваат со своето семејство. Уругваецот го посети семејството на Меси на Карибите, додека Лео го поминуваше медениот месец со сопругата Анотонела. Близината меѓу нив не е тајна за никого.

Таткото на бразилецот е другата основна причина. Тој го притиска својот син да го промени својот клуб, бидејќи по зборовите на неговиот татко во тим со Меси никогаш нема да бидеш број 1. Самиот фудбалер сака да игра во центарот на нападот, односно на теренот, наместо да биде крило. А централниот напаѓач во Барселона е Суарес. Често Лео дејствува зад него, при што за бразилецот се чува левиот простор на нападот. Даноците се друга причина за евентуалниот трансфер. Последната причина е новиот тренер на Барселона. Нејмар не бил убеден, дека Ернесто Валверде ги поседува потребните квалитети, за да биде негов тренер. Доскорешниот тренер на Атлетик Билбао нема водено голем клуб и тоа го плаши Нејмар, дека каталонците ќе имаат разочарувачка сезона.

поврзани објави

Последни објави