11.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

СДСМ: Лицемерно е ВМРО-ДПМНЕ да обвинува за партизација

СДСМ во писмената реакција на прес-конференцијата на Светлана Колариќ од ВМРО-ДПМНЕ оценува дека е лицемерно тоа што ВМРО-ДПМНЕ обвинува за партизација кога 11 години ја партизирала државата.

– Апсурдно и лицемерно е ВМРО-ДПМНЕ, партијата што 11 години системски ја партизираше државата, воспостави масовна контрола врз институциите и грубо се пресметуваше со неистомислениците, денес да обвинува за партизација и режим, се вели во реакцијата.

СДСМ истакнува дека новата Влада преку рефомскиот план 3-6-9 започнала со сериозни реформи во јавната администрација во судството, медиумите и борбата против корупцијата со цел да се ослободат институциите што биле заробени.

поврзани објави

Последни објави