До овој момент, број еден трансфер во летниот преоден рок е заминувањето на Леонардо Бонучи од шампионот на Италија, тимот на Јувентус во Милан.
Имаше безброј шпекулации во медиумите поради што Бонучи заминал од Јувентус, играчот пак мудро молчеше и откако полека работите стивнаа, тој ја објасни целата ситуација.
-Имавме расправија во тимот, што е нормално, особено затоа што јас секогаш кажувам во лице она што го мислам. Некои мислат дека била само една расправа, но грешат. Вистината е дека таа ја прели чашата. Имаше такви ситуации и порано, но овојпат не можев да се воздржам,- изјави Бонучи.
Играчот е свесен дека со преселбата од Јувентус во Милан, огромен број од фановите на тимот од Торино се гневни на него и при гостувањата ќе го пречекаат со свирежи.
-Знам дека ќе ме пречекаат со свирежи кога ќе се вратам од Торино, но така беше и кога со Јувентус играв против било кој тим. Јас играм најдобро кога добјам дополнителни мотив, па така ќе биде и доколку фановите на Јувентус ме исвиркаат,- појасни Бонучи
Извор: Derbi.mk