fbpx
-2.2 C
Skopje

Само одбраната на Сити чини неверојатни 356 милиони евра!

АКТУЕЛНО

Манчестер Сити прави фудбалска пирамида од класа на фудбалери со парите од Абу Даби.

Граѓаните платија 55 милиони евра за Бенжамин Менди од Монако, лев бек, кој остави силен впечаток минатата сезона. 55 милиони за лев бек? Мислите дека ова е лудост. Само пред недела дена отидоа 51 милион евра за десниот дефанзивец на Тотенхем Каил Јорк. Одбраната на Сити е поскапа од големиот кинески ѕид. За 9 години по привлекувањето на Венсан Компани, луѓето кои уште се во тимот, чинат вкупно 326,4 милиони евра. Двата голмани не се воопшто евтини. Клаудио Браво дојде пред година дена од Барселона за 18 милиони евра, но неговиот трансфер финансиски беше надминат од Едерсон Мораеш за кого се платени 40 милиони. Десно ќе се појави и Данило, за кого ќе бидат платени 30 милиони на Реал Мадрид. Со него, сумата спомената погоре надминува 356 милиони евра. Толку чинат голманите и одбрана во трансферни суми, платени од Сити во текот на годините (со услов, дека трансферот на Данило не е финализиран). Во центарот на одбраната изборот е меѓу петмина, иако има шанси еден од нив да си замине.

Џон Стоунс нема да биде тој, бидејќи истиот дојде минатото лето за 55,6 милиони евра од Еверон.

Николас Отаменди чинеше 44,6 милиони евра од Валенсија, а капитенот Компани беше привлечен од Хамбургер за 8,5 милиони евра. Во моментов имаме одбранбена линија која чини колку што чинат сите тимови од топ 5 на Холандската Ередивизи. Ако ги гледаме цените на таа фудбалска одбрана, Сити сигурно нема да допушти да прима никакви голови. Или секој таков ќе биде чиста среќа, која ќе заслужува да биде одбележана со посебно внимание.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -