14.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Европол: Во ЕУ разбиена мрежа на трговци со луѓе

Европската полициска служба (Европол) ја поддржа акцијата за сузбивање на организирани криминални групи, кои се занимавале со трговија со луѓе поради сексуално експлоатирање. Операцијата е спроведена во 22 европски земји, во период меѓу 26 јуни и 2 јули.

Во рамки на операцијата се приведени и уапсени 107 осомничени лица поради трговија со луѓе и илегална миграција, а идентификувани се 910 потенцијални жртви.

Низ полициска соработка, координирана преку Европол, а предводена од Австрија, извршени се проверки на 126.927 лица и 6.363 возила, како и 4.245 локации.

Посебно внимание е посветено на интернетот, преку кој биле убедувани и нудени жртвите на сексуална експлоатација, се наведува во соопштението.

Собраните информации во текот на акцијата овозможиле започнување на 25 нови истраги ширум Европа.

поврзани објави

Последни објави