Градот Скопје е подготвен за одржувањето на УЕФА Супер Купот кој ќе се одржи на 8 август во Скопје на националната арена „Филип Втори“. На овогодинешниот Супер Куп силите ќе ги одмерат двата најголеми фудбалски клубови во светот, Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед. За таа цел изработивме промотивно видео на англиски јазик чија цел ќе биде информирање на туристите и промовирање на убавините на Скопје. – ова денес на својот фејсбук профил го објави Коце Трајановски, градоначалникот на Скопје.
Главен лик во видеото е познатиот глумец Гораст Цветковски кои на свој специфичен начин ги доловува убавините на Скопје:
Скопје е подготвенo за одржувањето на УЕФА Супер Купот! 8 август, Националната арена „Филип Втори“, Реал Мадрид – Манчестер Јунајтед!За таа цел изработивме промотивно видео на англиски јазик чија цел ќе биде информирање на туристите и промовирање на убавините на Скопје.#supercup #skopje #supercupskopje #uefa #manchester #realmadrid #ffm
Posted by Коце Трајановски on Thursday, July 20, 2017