fbpx
2.3 C
Skopje

Новите „ВМРО-вски“ икони

АКТУЕЛНО

Едниот со сила го направија медиумска ѕвезда, а другиот е српскиот патриарх…

Едниов, комуњарите го нарекуваат Пандов за сиромашни, а другиов му го закачи на Заев за прославата во манастирот „Прохор Пчињски“и така доби еден куп поени кај неписмената багра што го поплави ВМРО и од десничарска партија со идеологија го претвори во движење во кое до вчера може да си бил „авангарда на комуњарската мисла“, но од денеска ради ситен личен интерес се претвораш во идеолог на ВМРО со слични заслуги како оние на Гоце и Даме.

Едниов е историчар, ама ја чита историјата како ѓаволот Евангелието, а другиов… барем ни го признава идентитетот.

Македонската историска и фолклористичка наука не треба да се плаши за својата иднина, бидејќи Катарџиев и Ристовски го имаат својот наследник. Дотичниот се разбира не е комуњар, но според начинот на кој „проповеда (ше)“ од студиото на Миленко (докажан „патриот“ и „ВМРОвец“) по ништо не се разликува од комунистичките могули на едноумието.
Во однос на другиов, играта е повеќе од јасна. Тој го казни Заев за венецот пред царот Самоил. Патријархов знае кој и што е на Балканот, знае и за Стојан Новаковиќ и неговите идеи и баш тие идеи им ги признава на Македонците како идентитет, а пак несозреаното Македонче наместо да си ја чукне главата и да размисли малку подлабоко, се радува на овие понижувања како мало дете на наполитанче.

Пишува: Батко Тане

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -