-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Критичарот на историското ВМРО, Сашо Тасевски – нов директор на Драмски театар

Сашо Тасевски станува нов директор на Драмски театар, откако денеска беше разрешен Роберт Вељановски, пишува „Фокус“.

Тасевски во 1995 година дипломирал на катедрата за актерска игра на Факултет за драмски уметности – Скопје, во класата на Љубиша Георгиевски, додека во 2003 година станал магистар на тезата „Театар во празното“ на истиот факултет.

Во 1998 година се вработил како глумец во Драмски театар Скопје, каде остварил бројни главни и споредни улоги во претстави на репертоарот на Драмски Театар, но и како соработник со други театарски институции и проекти.

Сашо Тасевски е еден од актерите кои во изминатиот период жестоко ја критикуваа претходната власт, но и историското ВМРО.

Еве што тој напиша на својот ФБ профил на 19 јули: 

Сега вмровците што се срамат од Груевски, фора им е да кажат: Ние сме ВМРО, ама не сме ДПМНЕ.
Кое ВМРО? Она што го основаа и првпат го нарекоа така Александров и Протогеров?
Или она на Ванче Михајлов? Мавнете се бе! Тоа ВМРО, како и денешното било партија на платеници, убијци, рекетари и шверцери. Пари и контрола на територии за црни бизниси, за тоа се бореле! Каква црна Македонија??? На гс не ја ставале. Живееле од уцени, закани и нарачани убиства.
Тешко е да се каже, уште потешко да се чуе, ама…
ВМРО е ЦРНИЛОТО на македонскиот народ. Неговата зла природа.

Сега вмровците што се срамат од Груевски, фора им е да кажат: Ние сме ВМРО, ама не сме ДПМНЕ.Кое ВМРО? Она што го…

Posted by Sasho Tasevski on Wednesday, July 19, 2017

 

 

поврзани објави

Последни објави