Менаџерот на „Црвените Ѓаволи“, Жозе Мурињо уште еднаш истакна дека сака на Олд Трафорд да пристигнат уште две нови имиња, Португалецот бара фудбалер од средниот ред и крило
Најтрофејниот клуб од Англија веќе ангажираше нов дефанзивец во името на Виктор Линделоф, а пристигна и нов голгетер, Ромелу Лукаку ќе биде задолжен за „полнење„ на противничките мрежи.
Но Жозе Мурињо не е задоволен со сработеното на трансфер пазарот и бара уште двајца играчи.
Тој не сакаше да говори за конкретни имиња, но истакна дека му е потребен фудбалер од средниот ред и офанзивен играч кој ќе игра по крилните позиции.
„Задоволен сум со составот но би сакал уште двајца играчи, никогаш не сум го криел ова“ – вели менаџерот на Манчестер јунајтед.
„Еден играч од средниот ред кој ќе ми даде повеќе опции и подобар баланс“.
„И уште еден, офанзивен играч, кој ќе игра по крилните позиции и ќе ми даде повеќе опции во нападот“.
Иван Перишиќ подолго време се поврзува со „Црвените Ѓаволи“, но Манчестер јунајтед никако да пронајде заеднички јазик со Интер.
За засилување на средниот ред две имиња се одвојуваат а тоа се Немања Матиќ од Челси и Ерик Даер од Тотенхем.
Извор: 24Фудбал