Овие фотографии пристигнаа до нашата редакција од читатели од Делчево.
![](https://pogled.mk/wp-content/uploads/2017/07/dupkas4-168x300.jpg)
![](https://pogled.mk/wp-content/uploads/2017/07/dupkas3-300x168.jpg)
Градоначалникот Дарко Шехтански не превзема никакви мерки да ги санира дупките на улицата во центарот на градот, на која патем се наоѓа и автобуската станица во градот. Ваквата состојба на улиците, со раскопани дупки веќе долги години стои несанирана. На истата оваа улица се наоѓа единствената градинка за деца, но и општината каде што работи самиот градоначалникот. Го прашуваме градоначалникот дали не го боде во очи тоа што оваа улица е раскопана повеќе години и до кога прироритет ќе бидат други “проекти“ а не оние кои ги засегаат жителите на град Делчево. Истовремено, апелираме истиот да одговори на нашите барања а улицата да биде санирана во што поскоро време. Срамота е улица на која се наоѓа градскиот пазар, општината, автобуската станица и единствената градинка за деца да биде во таква катастрофална состојба.
Никола
![](https://pogled.mk/wp-content/uploads/2017/07/dupkas-300x168.jpg)
Нашиот портал ќе испрати порака во која ќе побара одговор од Градоначалникот на Општина Делчево, Дарко Шехтански, при што одговорот ќе биде објавен на нашиот портал.